Home » Пожар во зграда во Њујорк однесе 19 животи, десетици се повредени

Пожар во зграда во Њујорк однесе 19 животи, десетици се повредени

by Журнал.мк

Неисправна греалка го предизвикала вчера пожарот во станбена зграда во Њујорк во кој загинаа 19 лица.

Тоа го соопшти комесарот од противпожарната служба Даниел Нигро. Станот (дуплекс) во кој избувна пожарот се наоѓа на вториот и третиот кат од 19-катница. Пожарот не се проширил на другите станови, но густ чад го исполнил целиот блок бидејќи вратата од опожарениот стан била оставена отворена.

Новиот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс, кој ја презеде функцијата пред само една недела, потврди дека 19 лица загинале во пожарот. Таа била изградена е во 1973 година и има 120 домови за социјално загрозени лица. Адамс она што се случи го нарече „немерлива трагедија”. Тоа е втор голем пожар во САД оваа недела. Дванаесет лица, меѓу кои осум деца, загинаа во пожар во Филаделфија во средата, повторно во домовите за социјално загрозените.

Претходно властите соопштија дека околу 60 лица се повредени во пожар во областа Бронкс во Њујорк, од кои 32 се хоспитализирани и се во животна опасност. Меѓу загинатите има и 9 деца. Ова е најсмртоносниот пожар во Њујорк во последните три децении.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk