На 18.05.2025 во 21.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во нас.Лисиче, скопско.
-Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Притоа, поради изгореница на раката и вдишување на чад, сопственикот на објектот Ф.Д.(32) е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, информира МВР.
Извршен е увид.