Тетовските пожарникари интервенираат во гаснење пожар, кој бил предизвикан од запалени гуми.
„ТППЕ Тетово интервенира на запалени гуми спроти фабриката ‘Киел’ во с. Желино кај подвозникот кон с. Сиричино (опшина Желино)“, информираат од Центарот за управување со кризи.
Гаснењето, како што велат, е отежнато поради големата количина автомобилски гуми, но нема опасност пожарот да ги зафати соседните објекти.
Се очекува целосно гаснење за максимум два часа, додаваат надлежните.