Home » Пожар помеѓу селата Бозовце и Вешала

Пожар помеѓу селата Бозовце и Вешала

by Журнал

Во Национален парк Шар Планина има пожар кој засега не е под контрола.

На територија на Национален парк Шар Планина изминатите 24 часа вработените од установата се справуваат со два пожара, а едниот помеѓу селата Бозовце и Вешала сè уште не е ставен под контрола поради силниот ветер и сувата вегетација. Од установата со апел граѓаните да внимаваат и потсетуваат дека е забрането палење на оган во националниот парк.

„Во следните седум дена, апелираме до сите граѓани на зголемена будност и мобилност заради неповолните временски услови. Со цел да се спречат несакани последици потсетуваме дека на територија на Национален Парк Шар Планина е забрането да се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња“, соопштија попладнево од ЈУ НП Шар Планина.

Од Националниот парк со порака, граѓаните доколку забележат пожар да се јават на на единствениот повикувачки број за итни случаи.

Од Територијланат противпожарна единица Тетово информираат дека на пожарот согласно надлежностите интервенира ЈУ НП Шар Планина, а тие се подготвени доколку огнот се приближи до планинските села.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More