Home » Повторно пресврт: Кенсингтонската палата излажа, Кејт не е добро

Повторно пресврт: Кенсингтонската палата излажа, Кејт не е добро

by Lina Muslija

Многу фанови на кралското британско семејство се израдуваа на почетокот на оваа недела кога палатата Кенсингтон објави видео од принцезата Кејт, принцот Вилијам и нивните деца и сподели информација дека принцезата завршила со хемотерапија и дека ќе се врати на одредени јавни обврски. Сепак, се чини дека сè било само сценарио.

Извори блиски до Палатата тврдат дека и покрај „смирувачките“ снимки од почетокот на неделата, Кејт и кралот Чарлс воопшто не се добро:

„Кејт ниту е во ремисија ниту се ослободила од ракот“ – тврди изворот на „News Nation“, додавајќи:

„Таа воопшто не е во добра форма. И пред нејзе и пред Чарлс е тежок патот. И двајцата не се добро“, додал изворот.

Светските медиуми пишуваат и дека постои „загриженост дека некој од нив нема уште долго да живее, што значи дека се прават и планови во случај на најлошото“.

Кенсингтонската палата се уште не одговорила на прашањата за здравјето на двајца членови на кралското семејство, но познато е дека кралот повеќе не добива повици кои му предизвикуваат стрес, вклучувајќи ги и повиците од принцот Хари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk