Home » Повторно пресуда донесена во корист на Бред, но судењето со Анџелина продолжува за една работа

Повторно пресуда донесена во корист на Бред, но судењето со Анџелина продолжува за една работа

by Lina Muslija

Холивудскиот актер Бред Пит ја тужи својата поранешна сопруга Анџелина Џоли поради имотот „Шато Миравал“, каде се произведува наградувано розе вино.

Имотот се простира на 1.300 хектари во Прованса, јужна Франција, а парот дури и се венча таму во 2014 година. Лозјето било многу профитабилно, па дури и произведувало често наградувано розе вино.

 

Врховниот суд во Лос Анџелес ги потврди тврдењата на Бред дека Џиоли го продала својот удел без негова согласност, што таа се обидела да го отфрли.

 

Ова значи дека уште една судска победа е на страната на актерот, бидејќи судот ги отфрли наводите дека неговата тужба е „несериозна, злонамерна и дел од проблематична шема“.

 

Битката за винаријата досега се водеше во судниците во Франција, Луксембург и Лос Анџелес.

 

Да потсетиме, актерот остана шокиран кога Анџелина без меѓусебен договор му продаде половина од нивната винарија на рускиот тајкун Јури Шефлер и неговата „Столи груп“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More