Конститутивната седница на косовското парламент, која започна денес околу 10:20 часот, повторно беше прекината бидејќи кандидатката на Самоопределување, Албулена Хаџиу, не го доби потребниот број гласови за да биде избрана за претседател на Парламентот ниту во петтиот обид, известува Анадолу.
Седницата започна со околу 20 минути доцнење. Претставникот на Самоопределување, Гљаук Коњуфца, повторно ја предложи Хаџиу, по што следеше гласањето.
Повторно 57 пратеници гласаа за изборот на Хаџиу. Против гласаа 41 пратеник, а тројца беа воздржани.
Бидејќи Хаџиу повторно не беше изгласана, претседателот на седницата, Авни Дехари, ја прекина седницата и го закажа нејзиното продолжение за вторник во 10 часот наутро.