Home » Повик до земјиделците од Демир Капија да пријават штети од невремето

Повик до земјиделците од Демир Капија да пријават штети од невремето

by Журнал.мк

Општина Демир Капија ги повика земјоделците да пријават штети од град, како последица од невремето што го зафати Демиркаписко во неделата.

Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од елементарна непогода – град, дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата во просториите на Општина Демир Капија, секој работен ден, од 8.30 до 13 часот до наредниот вторник. Покрај барањето, пријавата треба да биде дополнета со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и копија од имотен лист, се вели во соопштението до земјоделците.

Првичните информации говорат дека штетите се најголеми во атарите на селата Бистренци, Корешница и Прждево. Но, како што нагласија од Општината за МИА, Комисијата што ќе излезе на терен, ќе ги утврди точните оштетувања, со цел обесштетување на земјоделците од страна на државата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More