13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Повеќе нема да има македонски амбасадори со двојно државјанство

Најчитани вести

Министерството за надворешни работи се откажа од можноста идните македонски амбасадори да имаат двојни државјанства, изјави денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи на прес конференција.

Согласно новиот Закон, кој се очекува да го усвои Собранието, 75% од амбасадорите ќе бидат дипломати од кариера, а останатите ќе бидат политички. Ќе се воведе и јасен систем на кариера, со дистинкција меѓу дипломатите и административните службеници. Дипломатите ќе бидат посебна категорија и тие ќе се вработуваат преку мерит-систем, додека пак административно – техничките служби ќе продолжат да се водат согласно одредбите од Законот за административните службеници.

Османи денеска побара да се деблокира работата на Собраниската Комисија за надворешни работи, затоа што втората група на предложени амбасадори чека за спроведување интервју. Во меѓувреме првата група од осум амбасадори веќе е испратена, а за седум позиции допрва ќе се усогласуваат предлозите со шефот на држават и премиерот.

Новиот предлог-закон, како што информираше Османи ги намалува дискреционите права на министерот, како на пример правото кое го имаше досега директно да ги назначува директорите во Министерството. Измените предвидуваат и одделување на дипломатитет од административните работници во Министерството со специјален закон, со кој прецизно ќе биде утврдено начинит на прием во службата и напредување.

Новиот закон предивува и воведување на економски дипломати, за кои Османи е убеден дека ќе ја унапредат економската соработка и надворшената трговија на земјава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести