Home » Повеќе од 9.000 војници, 70 авиони, оркестар од 1.100 музичари – Парадата на победата во Москва ќе чини околу 6,3 милиони долари

Повеќе од 9.000 војници, 70 авиони, оркестар од 1.100 музичари – Парадата на победата во Москва ќе чини околу 6,3 милиони долари

by Журнал.мк

Парадата на победата во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај на Црвениот плоштад, е еден од најважните државни собири во Русија.

Иако официјалните информации за трошоците за парадата не се секогаш јавно достапни, достапните извори даваат увид во обемот и трошоците за организирање на овој настан.

Парадата вклучува минување на повеќе од 9.000 војници, 110 парчиња тешка воена опрема, 70 авиони и хеликоптери, придружувани од воен оркестар од 1.100 музичари.

Подготовките за парадата вклучуваат речиси двомесечна обука на единицата во Алабин, 50 километри југозападно од Москва, каде што се наоѓа репликата на Црвениот плоштад.

Потребно е и поправка на тротоарите на Црвениот плоштад и околните места, како и подготовка на патишта за пристигнување на воени возила.

Освен тоа, биле ангажирани градски работници за чистење на големите советски симболи, како црвената и златната ѕвезда, која е поставена над стоковната куќа ГУМ за таа пригода, пишува веб-страницата „Џејмс Таун“.

Според достапните податоци, трошоците за организирање на парадата во 2025 година се проценуваат на околу 205 милиони рубљи (приближно 6,3 милиони американски долари).

Оваа сума опфаќа различни аспекти на организацијата, вклучувајќи подготовки, логистика и поправки на инфраструктурата.

За споредба, цената на парадата во 2019 година надмина 450 милиони рубљи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk