Home » Повеќе од 16.400 деца загинаа во израелските напади во Газа

Повеќе од 16.400 деца загинаа во израелските напади во Газа

by Журнал.мк

Најмалку едно лице загина во израелски воздушен напад синоќа во јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.

Во соопштението на Министерството се наведува дека цел на нападот бил автомобил во градот Деир Канун Ел Аин во округот Тир.

„Во нападот се повредени и неколку лица“, соопшти државната Национална новинска агенција. Засега нема детали за идентитетот на жртвата.

Нападот уследи по нападот со беспилотно летало на Хезболах во кој во понеделникот уби еден израелски војник и рани друг во Западна Галилеја во северен Израел.

Најмалку двајца цивили загинаа рано наутро во понеделникот во напад на израелски беспилотни летала во градот Хула во јужен Либан.

Стравувањата од целосна војна меѓу Израел и Хезболах се зголемија за време на прекуграничните напади, особено по атентатот на 30 јули на високиот командант на Хезболах Фуад Шукр во Бејрут.

Ескалацијата доаѓа во позадината на израелскиот смртоносен напад врз Газа, во кој загинаа повеќе од 40.100 луѓе од октомври минатата година по нападот на палестинската група на отпорот Хамас, проценките се дека над 16.400 меѓу жртвите се деца.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More