Home » Повеќе кадар, подолго работно време, ревизија на термините за промена на личните документи – исправите со старото уставно име важат уште десет дена

Повеќе кадар, подолго работно време, ревизија на термините за промена на личните документи – исправите со старото уставно име важат уште десет дена

by Журнал

Повеќе кадар и подолго работно време во пунктот за промена на личните документи. Министерството за внатрешни работи планира вака да се справи со метежот кој трае со месеци. Се најавува и двосменско работење во полициската станица „Пролет“, во привремениот пункт кој треба да го олесни и забрза процесот.

Извори на Телма покрај ова, брифираат дека во план е и ревизија на термините, односно, ако некој има закажано термин, а притоа се фотографира во пунктот без закажување – тогаш резервираниот термин да биде избришан од системот.

Во моментов, зафатени се термините и за брза постапка, сѐ до април и мај.

Засега нема информации колкав број на обрасци има и колку недостасуваат во МВР. Пред неколку дена, техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски се сретна со амбасадорката на Република Грција.

Тогаш МВР преку соопштение информираше дека Тошковски и го презентирал наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи. Обрасците не се изработуваат во Македонија, туку се носат од странство.

Министерство за внатрешни работи: „МВР е во фаза на спроведување на обуки на службеници кои ќе бидат вклучени во процесот на зголемување на потенцијалот за прием на граѓани кои аплицираа за патни исправи. Се очекува во втората половина на овој месец да пристигне поголема количина која ќе ги задоволи потребите до наредната нарачка.“
Доколку македонски државјани кои престојуваат во странска држава по било кој основ и кои до 12 февруари немаат извадено нови патни исправи, истите можат да се вратат во државата со Патен Лист, издаден од најблиското дипломатско конзуларно претставништво во странство.

Министерство за надворешни работи: „Нашите државјани имаат право да се фотографираат во најблиското дипломатско конзуларно претставништво во странство, во кое имаме воспоставено базна или мобилна станица, преку телефонско закажување или комуникација по е-маил. Претставништвата со базни станици се во: Минхен, Бон, Берлин, Берн, Виена, Љубљана, Лондон, Њујорк и Чикаго. Претставништва со мобилни станици има во: Брисел, Стокхолм, Венеција, Торонто и Мелбурн. Процедурата за стекнување со нова патна исправа од денот на сликање трае околу 30 дена, по што државјаните ги подигнуваат новите патни исправи во дипломатското или конзуларното претставништво каде го извршуваат сликањето.“
Во случај државјанинот да не е во можност да ја подигне патната исправа во претставништво, по негово барање и со потпишување на изјава, истата може да ја добие преку брза пошта. Трошоците или поштарината се на негов товар.

Вадењето новите лични документи е обврска за граѓаните која произлезе од Преспанскиот договор. Согласно Договорот, тие имаа на располагање пет години за да ги променат документите.

Од МНР потсетуваат и дека по истекот на рокот на важење на старите пасоши, без нови патни исправи нашите државјани немаат можност да ја напуштат земјата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk