18.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Потврдено – Првиот Ferrari SUV пристигнува во 2021

Најчитани вести

Производителот на супер спортски икони на четири тркала Ferrari во 2021. година ќе го претстави својот прв SUV модел, но освен тоа од Маренало најавија дека набргу потоа, поточно во 2022 година ќе пристигне и наследникот на LaFerrari.

Од Маранело потврдија дека Ferrari своето дебитантско издание на пазарот во crossover варијанта ќе го означи како FUV – Ferrari Utility Vehicle.

Познато е дека Ferrari одлучи да ја прошири својата понуда со SUV модел, со оглед на тоа дека нивната најблиска конкуренција веќе го направи тоа: Porsche одамна го нуди својот Cayenne, а Lamborghini со Urus двојно ја зголеми својата продажба.

Се знае и дека SUV моделот ќе го носи името Purosangue, што во превод значи „чистокрвен“, а ќе биде базиран на неодамна претставениот модел на Ferrari, Roma.

Како и да е, никој надвор од Маранело не знае како ќе изгледа овој автомобил, но може да се очекува сличности со останатите модели на Ferrari, односно остри линии, агресивен аеро пакет, големи тркала и слично.

Ви однос на погонскиот склоп се  очекува да биде напојуван од хибриден систем развиен да се прилагоди на V6, V8 и V12 агрегатите на Ferrari.

Очекувањата се дека  Purosangue ќе биде посилен од Lamborghini Urus, инаку негов најголем конкурент, односно дека треба да постави нови стандарди кога станува збор за перформансите на спортските SUV модели.

Најмоќната верзија би требало да користи 6,5 литарски атмосферски мотор без прибегнувања кон електрификација.

Покрај тоа,  Purosangue ќе биде има четири седишта, ќе биде долг околу пет метри, а направен на нова архитектура, со подесувачко потпирање и импресивна возачка динамика на патиштата и одредени off road способности.

Како што кажавме во поднасловот една година подоцна Ferrari ќе го претстави и својот нов хипер-автомобил.

Имено, LaFerrari ќе биде наследен од моделот Galliera, но тоа  не мора да значи дека ќе има повеќе КЅ од SF90 Stradale (986) бидејќи компанијата од Маранело својот фокус ќе го насочи кон аеродинамиката и намалување на тежината

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com