Home » Потврдена силата на партнерството меѓу САД и Македонија, Агелер присуствуваше на почеток на изградбата на автопатпт Тетово – Гостивар

Потврдена силата на партнерството меѓу САД и Македонија, Агелер присуствуваше на почеток на изградбата на автопатпт Тетово – Гостивар

by Журнал.мк

Изградбата на автопатот Тетово-Гостивар започна денеска, на поставување на камен темелникот присуствуваше и амбасадоката на САД во Македонија, Анџела Агелер.

Амбасадорката Агелер, објави амбасадата, им се придружи на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Александар Николоски, вицепремиерот Изет Меџити, други високи гости и вработените во Бехтел-Енка на церемонијата по повод поставувањето камен-темелник на делницата Тетово-Гостивар од Коридорот 8.

Амбасадорката ја истакна силата на партнерството меѓу САД и Македонија и улогата на американската експертиза во изградбата на овој стратешки инфраструктурен проект што ќе ја подобри регионалната поврзаност и економскиот развој, објавија од американската амбасада.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk