Македонија можеби е меѓу ретките држави каде фудбалски шампион наместо да оди во повисок ранг на натпреварување игра бараж и доколку не го помине баражот останува да се натпреварува во ист ранг на натпреварување. Всушност екипата е шампион, но за промоција во повисок ранг на натпреварување ќе мора да го помине и баражот.
Ова е случај со македонските третолигаши и во одредени региони на Општинските лиги, а екипата на Велазерими од Кичево која две години по ред е шампион во Трета лига – Запад и две години не го поминува баражот е пример за тоа да екипата цела година е прва во лигата и на крајот како шампион да загуби во еден меч, а особено доколку тој бараж меч се решава на пенали.
Спортските работници се на ставот дека баражите треба да бидат минато, со тоа што шампионит треба да се пласира директно во повисок ранг на натпреварување, а бараж би можел да игра второпласираниот тим.
Третата македонска фудбалска лига брои пет региони, Исток, Запад, Југозапад, Југ и Север. Шампионите од сите пет региони и екипата која ќе заврши на 14. место во Втора лига играат баражи, од овие шест екипи, три се пласираат во Втора лига, а три остануваат во Трета лига. Минатата сезона Куманово, Кораб и Влазерими иако беа шампиони, загубија во баражите и одново ќе играат во Трета лига.