Home » Потпишан меморандум за соработка помеѓу платежните агенции на Македонија и Хрватска

Потпишан меморандум за соработка помеѓу платежните агенции на Македонија и Хрватска

by Журнал.мк

Денес, 18.12.2024 година во Загреб по повод одбележување на 15 години постоење на платежната Агенција на Хрватска, беше одржана средба помеѓу министерот за земјоделство, шумарство и рибарство на Република Хрватска Јосип Дабро и директорите на платежните агенции на Р.Хрватска Никола Долачки, Р.Словенија, Миран Михелиќ и Р.Македонија, Илија Стоилев. На средбата се водеа конструктивни разговори од интерес на трите земји со крајна цел воведување на заедничка земјоделска политика, зајакнување и модернизација на агро секторот. Директорот Илија Стоилев истакна дека искуството и помошта што Македонија ја добива од земјите членки на ЕУ е од огромно значење за осовременување и модернизација на домашните земјоделски и преработувачки капацитети.

Настанот заврши со свечено потпишување меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија и Агенцијата за плаќања во земјоделството, рибарството и руралниот развој на Република Хрватска. Потпишаниот меморандум е продолжување на успешната, долгогодишна соработка помеѓу двете агенции во делот размена на искуства, знаење и вештини со цел поголема искористеност на мерките за директни плаќања, рурален развој и ИПАРД Програмата,како и акредитација на нови мерки.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk