Home » Потпишан меморандум за соработка меѓу Независниот синдикат на здравствените работници и Здружението на приватни лекари

Потпишан меморандум за соработка меѓу Независниот синдикат на здравствените работници и Здружението на приватни лекари

by Журнал.мк

Меморандум за соработка беше потпишан денеска во Велес меѓу Независниот синдикат на здравствените работници (НСЗР) при Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) и Здружението на приватни лекари (ЗПЛ).

Својот потпис на овој договор за соработка го ставија претседателот на НСЗР, Боби Бојчевски, претседателката на ЗПЛ, Лилија Чолакова Дервишова и претседателот на КСОМ, Марјан Ристески.

Бојчевски изјави дека и понатаму ќе се трудат да го подобрат здравствениот систем во државата. Нивна цел е, како што посочи тој, вработените во здравствените установи да не си заминуваат во странство, да останат да им служат на нашите граѓани.

– Ќе продолжиме да работиме на тоа да се надминат проблемите во здравството. Здравјето на луѓето нема цена. Какво е здравството во една земја, многу зборува за тоа за каква држава всушност станува збор, подвлече Бојчевски во изјава за МИА.

Со овој меморандум, двете страни се согласија да настапуваат единствено, бидејќи како што беше нагласено, заедно се посилни.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More