Home » Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

by Журнал.мк

Потпишан е договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Изградбата ќе трае 22 месеци, а гасоводот ќе биде во функција во 2027 година. Со овој договор започнува најголемата енергетска инвестиција во Македонија во последните 10 години. Ќе се градат 68 километри модерна гасоводна мрежа што Македонија ќе ја поврзе со Грција, но и со европските енергетски пазари, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изградбата ќе ја преземе македонска компанија, која е целосно подготвена со опрема и кадар, а цената е 12 милиони евра пониска од претходните понуди во тендерските постапки. Досега Македонија имаше само еден начин за снабдување со гас, преку Бугарија. Овој договор овозможува да има повеќе од еден извор, доколку дојде до прекин или зголемување на цената од една страна. Природниот гас е поефтин и поефикасен за греење од нафта, дрва и јаглен. Природниот гас загадува помалку од другите горива. Граѓаните ќе добијат можност за почист воздух и поквалитетен живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена и ова е доказ дека Македонија се движи во насока на приближување кон ЕУ и дека партнерите и веруваат. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните за да им овозможи стабилна, модерна и европска иднина“ – посочуваат од партијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk