Home » Потпишаа кодекс за фер однесување, но не си веруваат едни на други

Потпишаа кодекс за фер однесување, но не си веруваат едни на други

by Журнал.мк

Први, точно навреме, дојдоа кандидатките. Се поздравија љубезно, а веднаш потоа стигнаа и повеќето кандидати. Си разговараа меѓусебно додека го чекаа Османи, кој доцнеше 20 минути, но кога почна церемонијата, излезе на површина дека не си веруваат едни на други.

Стевчо Јакимовски одби да го потпише кодексот за фер избори поради откажувањето на мастер дебатата кај актуелниот претседател. Побара од ДИК да гарантираат дека ќе организираат дебати, тврдејќи дека одредени кандидати се максимално фаворизирани, а средставата за кампања не се рамноправно поделени.

Дел од останатите кандидати го потпишаа кодексот, но се изјаснија дека не веруваат во него.

Димитриевски побара ревизија на потписите за кандидатура и ја обвини Сиљановска за фаворизирање и носење на лица со автобуси за потпис. Таа, пак, му врати дека тој со ова уште сега го прекршил кодексот.Останатите ветија фер и позитивна кампања.

Кодексот ги обрзува дека ќе водат фер кампања, ќе ги почитуваат правилата, законите и прописите и нема да користат дискриминаторски говор и говор на омраза.

Иако е откажана мастер дебатата, телевизија Телма на 19-ти април ќе организира сопствена дебата, на која се поканети сите кандидати за претседател на државата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More