Home » Посветени на развој на одбранбената соработката помеѓу Македонија и Франција

Посветени на развој на одбранбената соработката помеѓу Македонија и Франција

by Журнал.мк

Посветени на развој на одбранбената соработката помеѓу Македонија и Франција – средба на министерката Петровска со амбасадорот Бомгартнер.

Македонија и Франција имаат блиска и плодна соработка во одбраната, а на оваа соработка и претстојат и нови и интересни перспективи во иднина зашто и двете земји се исклучително посветени на тоа. Тоа го истакнаа министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, на средбата која се реализираше денеска во Министерството.

Министерката Петровска се осврна и на заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата, при што истакна дека Македонија дава свој придонес во оваа сфера. Имајќи предвид дека Франција е претседавач со Европската Унија првата половина од годинава, министерката Петровска ја реафирмираше потребата за брз почеток на преговорите за членство во Унијата.

„ Македонија направи исклучително голем прогрес и потребно е Унијата да го направи следниот чекор кој ќе биде силна мотивација за уште поголем развој. Земјава ги почитува и поддржува европските политики и нашето место е во Европската Унија. Последните неколку години направивме многу, реформите се видливи и затоа заслужуваме да го започнеме пристапниот процес”, рече министерката Петровска.

Амбасадорот Бомгартнер порача дека Франција целосно ја поддржува Македонија на патот кон Унијата и порача дека пристапните преговори треба да почнат што е можно поскоро.

Соработката помеѓу двете земји и двете Армии може да се види и преку заедничките обуки и заедничкото учество во воени вежби. На претстојната најголема воена вежба досега организирана во нашата земја, „Swift Response 22″ учество ќе земат и француски војници. Македонија и Франција активно соработуваат во доменот на јазичната обука и школувањето на припадници на Армијата на Република Македонија на највисоките воени школи во Франција.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More