Home » Постигнат договор меѓу Ахмети-Села?! АЛИЈАНСА добива 5 пратенички мандати

Постигнат договор меѓу Ахмети-Села?! АЛИЈАНСА добива 5 пратенички мандати

by Журнал.мк

Постигнат е договор меѓу првиот човек на ДУИ Али Ахмети и Алијанса за Албанците крилото на Зијадин Села. Договорот се однесува на листите за пратеници и т.н. сигурни места кои ќе ги добие Алијанса со влез во Европскиот фронт.

Како што пренесува ТВ21, на Алијанса ѝ се „обезбедени“ 5 пратенички мандати во четири изборни единици. Според нивни извори, се очекува договорот да биде потпишан во сабота. Изворите за ТВ21 велат дека во ИЕ 1 за Алијанса е обезбедено четвртото место на листата каде се очекува да биде Наим Бајрами.

Носител на оваа листа се очекува да биде Блерим Беџети од ДУИ, кој по изборите можеби нема да стане пратеник, но може да остане градоначалник на Сарај, ослободувајќи пратеничка фотелја.

Во втората ИЕ, „сигурно“ место е оставено за Елми Азири, кој ќе биде четврти на избирачкиот список од оваа единица.

Во ИЕ 5 се очекува место да има и за лидер на Алијанса, Зиjадин Села. Што се однесува до ИЕ 6, познато е дека Алијанса доби две сигурни места за пратеници, третото и седмото на листата, кои најверојатно ќе бидат Илире Даути и Илир Демири и дополнителни уште две места.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More