Home » Постепено се нормализира сообраќајот во Белград по синоќешните блокади

Постепено се нормализира сообраќајот во Белград по синоќешните блокади

by Lina Muslija

Се нормализира постепено утрово сообраќајот низ Белград откако до доцна во ноќта студентите во блокада и граѓани блокираа голем број раскрсници, улици и мостови во главнипот град на Србија.

Во текот на ноќта, полицијата ги отстрани сите блокади на патиштата во Белград и сообраќајот може да функционира нормално, соопшто утрово Министерството за внатрешни работи на Србија.

Утрово во 3:44 часот на социјалните мрежи, студентите во блокада повикаа насобраните да се повлечат „мирно и без паника“ во случај на пристигнување или најава за пристигнување на специјални полициски единици.

Движењето Крени-промени, соопшти дека утрово полицијата уапсила граѓани во Белград кои, веројатно, учествувале во блокадите.
Студентите на Факултетот за организациски науки (ФОН) во блокада ги повикаа по полноќ граѓаните да им се придружат на студентите и да ги поддржат во блокадите и акциите на граѓанска непослушност, со препораки да се распределат во смени за да имаат ефект нивните акции.
„Блокадите мора да траат за да имаат ефект. Поделете се на смени, земете слободен ден или боледување. Кога не можете да бидете таму, донесете вода и храна на насобраните. Ако дојде полицијата, повлечете се без многу врева. Кога ќе си заминат, повторно блокирајте. Ние сме побројни“, објавија студентите во блокадата на ФОН на социјалната мрежа X.

„Не плашете се затоа што сме заедно на улиците и тие не можат ништо да ни направат. На студентите им требате сега повеќе од кога било. Ние сме тука до крај. На тиранијата мора да и се застане на патот“, им порачаа студентите на граѓаните.
Партијата „Еколошко востание“  објави дека во иднина ќе ја бојкотира работата на српскиот Парламент и нејзините членови нема да учествуваат на седниците.
Студентите во блокадата на Факултетот за организациски науки ги повикаа опозициските партии да ја бојкотираат работата на Собранието на Србија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk