Home » Последните двајца повредени од пожарот во Кочани отпуштени од болницата во Белград: Лекувањето продолжува во Македонија

Последните двајца повредени од пожарот во Кочани отпуштени од болницата во Белград: Лекувањето продолжува во Македонија

by Журнал.мк

Последните двајца пациенти повредени во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани – Ангела Бошковска (24) и Андреј Георгиев (23) – денеска беа отпуштени од Универзитетскиот клинички центар во Белград, каде што беа хоспитализирани на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Според информациите на МИА, нивниот понатамошен третман ќе продолжи во Македонија.

Ангела и Андреј упатија длабока благодарност до медицинскиот тим во Белград за грижата, пожртвуваноста и професионалноста во текот на нивното лекување.

Во знак на официјална благодарност од македонска страна, се обрати амбасадорот Никола Тупанчевски, кој изрази признание до целиот персонал на УКЦС.

Директорот на Клиниката, д-р Милан Стојичиќ, се заблагодари и на македонските и српските власти, како и на министерот за здравство Златибор Лончар, истакнувајќи дека вкупно 17 пациенти биле примени на 16 и 17 март по пожарот во дискотеката во Кочани.

– Сите пациенти кои беа примени во Ургентниот центар преживеаја и беа успешно лекувани. Денеска со радост ги испраќаме и последните двајца – рече д-р Стојичиќ.

Случајот со пожарот во Кочани ја потресе јавноста, но истовремено ја покажа и регионалната солидарност и професионалност во здравствениот систем.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk