Home » Последна недела на Ковачевски како премиер!

Последна недела на Ковачевски како премиер!

by Журнал

На 28-ми јануари треба да се гласа техничка влада, во која премиер ќе биде Талат Џафери. Ова значи дека Димитар Ковачевски ќе биде премиер уште една недела.

Ковачевски ја предводеше владата од средината на јануари 2022, односно 2 години и 1 месец. Претходно Зоран Заев поднесе оставка од премиерската функција и од лидерското место во СДСМ, а токму на негов предлог беше именуван Димитар Ковачевски за лидер на партијата, а потоа беше изгласан и во Собранието за нов премиер.

Техничка Влада се бира 100 дена пред изборите, а нејзина единствена задача е да организира фер и демократски избори. Други важни одлуки не може да носи, туку само може да ги реализира тековните задачи и проекти кои се преземени од актуелната Влада.

Во техничката влада треба да има и министри и заменици министри од ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа партија најавија дека ќе предложат свои имиња за министри, но сепак нивните пратеници во Собранието нема да гласаат за избор на техничката влада, бидејќи како што велат Талат Џафери не ја заслужува нивната поддршка. Токму поради ваквиот став на ВМРО-ДПМНЕ, од владејачкото мнозинство најавуваат дека полињата во предлогот за техничка влада кои се планирани за министрите на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане празно. СДСМ, ДУИ, ЛДП, НСДП најавуваат дека, ако остане опозицијата на овој став, тогаш ниту тие нема да гласаат во Собранието за поддршка за министрите од ВМРО-ДПМНЕ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk