Home » После нападите врз Иран, Трамп ја сподели најлудата идеја досега

После нападите врз Иран, Трамп ја сподели најлудата идеја досега

by Lina Muslija

Нова идеја на Доналд Трамп: „MIGA – Make Iran Great Again“

Во најновата објава на платформата Truth Social, американскиот претседател Доналд Трамп изнесе провокативна надворешнополитичка идеја – промена на власта во Иран. Тој ја нарече „најнепопуларната, но можеби неопходна опција“ во рамките на својата визија.

„Не е политички коректно да се користи терминот ‘промена на режим’, но ако актуелната иранска власт не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не размислиме за промена на режим??? MIGA – Make Iran Great Again!!!“ напиша Трамп.

Оваа изјава доаѓа во контекст на зголемените тензии на Блискиот Исток и по неодамнешниот напад на Израел врз ирански цели на 13 јуни, што го отвори прашањето за потенцијално поширока регионална ескалација.

Иако Трамп отворено зборува за можноста за смена на власта во Техеран, високи функционери од неговата политичка орбита, вклучувајќи го и потпретседателот Џ. Д. Венс и секретарот за одбрана Пит Хегсет, јавно уверуваат дека САД не водат операции насочени кон уривање на иранската влада.

Во меѓувреме, израелските власти сè поотворено ја изразуваат својата намера за отстранување на, како што го нарекуваат, „тврдокорниот шиитски теократски режим“ во Иран – позиција која го доближува официјален Тел Авив до политичката реторика на Трамп.

Иако вакви изјави имаат потенцијал за внатрешнополитички поени, нивната геополитичка тежина и можните последици остануваат сериозен предмет на анализа меѓу западните сојузници и безбедносни институции.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk