Поскапено и телешкото месо во маркетите и месарите. Килограм телешко месо стигна и до 1,200 денари. Не паметат и граѓаните кога за последен пат тие купиле телешко месо, а во моментот воопшто не размислуваат да купат. Децидни се тие дека купуваат само ориз и компири, а месото речиси го исфрлија од употреба.
Дека цените се високи согласни се и производителите. Велат дека откупната цена за нив е иста неколку години. Децидни се дека моменталната продажна цена според нив најмногу би требало да биде 600 денари.
Во согласност со ситуацијата, она што дополнително го велат производителите е тоа дека тие повеќе немаат ниту субвенции. Децидни се тие дека моментално со сточарство може да се занимаваат само тие кои што имаат само љубов, поинаку е далеку од исплатливо.