Home » Португалскиот премиер Коста освои мнозинство во Парламентот

Португалскиот премиер Коста освои мнозинство во Парламентот

by Журнал.мк

Португалскиот премиер Антонио Коста изјави дека неговата Социјалистичка партија на левиот центар обезбедила парламентарно мнозинство од 117-118 места на вчерашните парламентарните избори.

– Апсолутно мнозинство не значи апсолутна моќ. Тоа не значи владеење сам. Тоа е зголемена одговорност и значи владеење со и за сите Португалци, рече Коста во својот победнички говор пред објавувањето на официјалните резултати.

Во Португалија вчера се одржаа парламентарни избори, во услови на дополнителни мерки на претпазливост откако Владата одлучи да им дозволи на гласачите заразени со коронавирусот да ја напуштат изолацијата и да гласаат лично, заедно со сите други граѓани.

Бидејќи се проценува дека околу 10 отсто од вкупно 10 милиони португалски граѓани сега се изолирани поради Ковид-19, владата во Лисабон минатата недела одлучи да ги укине ограничувањата за време на денешното гласање. Изборната комисија на прес-конференција соопшти дека „исполнети се сите услови гласањето да се одвива во апсолутно безбедни услови”.

Како и многу европски земји, Португалија соборува неславни рекорди за бројот на заразени со Ковид-19, иако во последниот бран на сојот Омикрон е намалена смртноста и хоспитализирањата благодарение на високите стапки на вакцинација.

Надлежните ги повикаа сите заразени со Ковид-19 да гласаат од 18 до 19 часот, но апелот не беше обврска и немаше посебни избирачки места за заразените гласачи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk