Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години го честита Илинден со триумф над Португалија од 71:42, по четвртини 17:8, 13:14, 21:9 и 20:11, за пласман во полуфиналето на Европското првенство од дивизијата Б во Скопје.
Следен противник на „црвено-жолтите“ утре од 18:30 часот ќе им биде подобриот од вечерашниот четвртфинален дуел меѓу Швајцарија и Бугарија, а победникот освен финале ќе обезбеди и промоција во А-дивизијата на ЕП.
Марко Луканоски беше најдобар поединец на паркетот во СРЦ „Кале“ со дабл-дабл од 17 поени и 14 скока, Никола Јаничиќ на 16 поени додаде 7 скока, Стефан Стојковиќ запиша 13 поени, а двоцифрен ефект во нападот забележа уште Лука Марјановиќ од 10 поени.