Home » Портокалов аларм во Скопје – Комисијата за заразни болести ќе се објаснува кои деца ќе можат во градинки

Портокалов аларм во Скопје – Комисијата за заразни болести ќе се објаснува кои деца ќе можат во градинки

by Журнал.мк

Комисијата за заразни болести за денеска наjави вонредна седница на која треба да се изгради став со кој ќе им се појасни на родителите и на вработените во градинките во Скопје дали забраната за прием на невакцинирани деца со „ДиТеПер“ важи за тие што не се вакцинирани или и за тие што не ја примиле ревакцината.

Поради забуната во јавноста и различното толкување на „целосно неимунизирани“, не е јасно дали се работи за вакцина која се прима во три дози – на двомесечна, тримесечна и на шестмесечна возраст или ја опфаќа и ревакцината, која според календарот за имунизација треба да се прими на 18-месечна возраст, односно една година по последната од трите дози на вакцината.

Министерот за здравство Илир Демири на прес-конференција вчера рече дека за вакцинирано се смета детето што ги примило трите дози од вакцината и очекува дека Комисијата по денешниот состанок ќе го прецизира толкувањето на одлуката.

Нагласи дека најважно е јавноста да биде сензибилизирана за важноста од вакцинацијата бидејќи, како што рече, во Скопје е подигнато портокалово знаме на опасност.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More