20.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Porsche 911 Carrera Coupé и Cabriolet, влезно ниво на тркачот од сништа!

Најчитани вести

Новиот спортски автомобил лансиран е во две изведби на каросеријата, како Coupé и во отворена верзија – Cabriolet.

Моделот располага со моќ од 283 kW (385 KS) што е добиена од бензински боксер мотор, со работен волумен од 3,0-литри, со шест цилиндри надграден со biturbo  полнење.

Инаку Carrera e почетен модел на серијата 911 и нуди 11 kW (15 KS) повеќе сила од неговиот претходник.

Ги споделува своите стандардно врвни квалитети, речиси непроменети во однос на моделот 911 Carrera S.

Тука се вбројува високо квалитетната внатрешност на кабината со 10,9-инчен дисплеј чувствителен на допир, сеопфатно поврзување и иновациските системи за помош какви што се Porsche Wet Mode што обезбедува уште посигурна ракување на мокри патишта.

Новата 911 Carrerа се одликува со помали тркала и сопирачки како и поединечни капаци на издувните цевки на издувниот систем.

Како и моделот Carrera S, мотор, подвозјето и сопирачките се дизајнирани за ексклузивен спортски изглед и импресивен впечаток.

Преносот на силата се одвива преку осум степен менувач на брзини со двојна спојка (PDK).

Таа комбинација му овозможува на моделот 911 Carrera Coupé да забрзува од 0 до 100 km / h за 4,2секунди и дапостигнува максимална брзина од 293 km / h.

Опремена со пакетот Sport Chrono што е опција перформансите и се подобруваат за дополнителни  0,2 секунди.

Во продажба оваа новина на Porsche би требало да ја очекуваме кон крајот на есента тековната 2019 година./avtoklub.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com