20.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Porsche со целосно електричен Macan, но после 2 години (ФОТО)

Најчитани вести

Од компанијата Porsche ги открија првите детали за целосно електричната верија на најпродаваниот автомомобил во моментов – СУВ моделот Macan, откако објави дека електромобилот е планирано да биде лансиран на пазарот во 2023 година.

Во моментов електричната верзија на Macan се наоѓа во почетна фаза на развој додека компанијата почнува да ги произведува првите прототипови на електричниот автомобил за реално тестирање. Досега, развојните активности на брендот беа спроведувани главно лабораториски и виртуелно.

„Тестирањата во реални услови почнуваат сега, а тоа е една од најважните точки во развојниот процес“, вели Михаел Штајнер, член на извршниот одбор на одделот за истражување и развој на Porsche AG. Од компанијата исто така споделуваат дека до моментот на целосно лансирање на Macan на пазарот во 2023 година со неговите прототипови ќе бидат изминати околу 3.000.000 тест километри во различни услови.

При пазарното лансирање, целосно електричната верзија на Macan ќе биде првото Porsche, равиено на база на платформта PPE (Premium Platform Electric).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести