14.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Porsche подготвува електричен хипер автомобил со помош на Rimac Automobile

Најчитани вести

Веднаш по претставувањето на Taycan, својот прв целосно електричен автомобил, Porsche соопшти и дека со 10% го зголемил своето учество во компанијата Rimac на 15,5%.

И досега беше јасно дека Porsche cо влегувањето во компанијата на Мате Римац , лоцирана во местото Света Недела, во близина на Загреб купува „Know how“ и технологијата за електричните возила, но од Цуфенхаузен пристигнува интересна, официјална вест.

Познатиот производител на спортски автомобили  Porsche влегува (иле веќе влегол) во проектот на plug in, или, на потполно електричен хипер автомобил за кој погонот ќе го развива компанијата Rimac Automobile што веќе едокажана на тој план.

Доктор Стефан Векбах (Dr. Stefan Weckbach),  шеф на електричните проекти во Porscheна на актуелниот Салон за автомобили IAA 2019, во Франкфурт изјавил:

„Без оглед за каков модел станува збор, Porsche мора да биде најспортска верзија во тој сегмент. Сигурен сум дека цврстите батерии се наредниот чекор во електрификацијата, но и дека во наредните неколку години литиум јонските батерии ќе направат исчекор кон напред. Хипер автомобилот на Porsche, сигурно ќе биде, но има неколку идеи и можни насоки во кој истиот може да се развива”.

Сето ова е сосема доволно, па дури и повеќе за сите што умеат да читаат помеѓу редови.

Имено, Rimac има развиено моќна платформа за својот C_Two, што може да се трансформира во тоа што е потребно за Hyper Porsche, доколку се развива потполно електрично возило.

Од друга страна, Rimac за други големи производители на автомобили веќе развивал и хибридни погонски системи.

Од тоа произлегува дека ниту plug in хибриден погонски систем не треба да се отфрли како можна опција.

Тоа што во овој момент е сосема јасно е  дека идниот супер спортист на струја или со хибриден погонски систем на Porsche ќе се позиционира во зоната во која се во моментов Mercedes и  Aston Martin со нивните AMG-One и Valkyrie хипер автомобили.

Веруваме дека нема да мине долго време а ние ќе знаеме во која насока ќе се одвиваат работите на тоа поле и не се сомневаме дека Porsche ќе го даде врвното!

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com