17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Porsche објави водич за хип-хоп културата во Европа

Најчитани вести

Porsche објави книга за развојот на урбаната култура на младите во европските метрополи.

Во книгата „Hip Hop Culture – A roadtrip across Europe“ на Porsche се зборува за 17 уметници од Германија, Холандија, Велика Британија, Франција, Шпанија и Данска, кои во повеќе од две децении дале голем придонес за хип-хоп културата.

Автор на книгата е Нико Хилс, издавач на хип-хоп магазинот „Backspin“, кој во 2018 и 2020 година во соработка со Porsche ја пропатува цела Европа. На тие патувања, Хилс се запознаваше со креативните сцени во Берлин, Париз, Барцелона, Копенхаген и Лондон.

Книгата е дел од проектот што содржи уште два филски документарци, објавени на инстаграм, твитер, тиктоп и спотифај. Во овој патен и културен водич се објавуваат портрети на големците на сцената, од рамниште на Кол Савас (Берлин), Лорд Есперанца (Париз), Фалсаларма (Барселона) или Фјалинг Степс (Берлин).

Сите средства од продажбата на книгата ќе бидат наменети за Viva Con Agua. Здружението им овозможува на луѓето ширум светот да добијат пристап до чиста вода и основни санитарни услови. Со своите проекти WASH, ова здружение досега има помогнато во Уганда, Етиопија, Мозамбик, Јужна Африка и други земји.

Книгата може да се нарача онлајн, преку www.back2tapebook.com .

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести