6 C
Skopje
Saturday, April 17, 2021

Porsche им помага на училишта во Германија да одржуваат дигитална настава

Најчитани вести

Porsche преку програмата „Дигитално турбо за училиштата“ помага со стручни совети и асистенција за училиштата да организираат дигитална настава.

Пандемијата го погоди одржувањето на образовната настава насекаде низ светот. Porsche со своите искуства и знаења ќе им помага на училишта во германските покраини Саксонија и Ваден Виртемберг да организираат најефикасна дигитална и хибридна настава.

Главната улога во програмата за помош „Дигитално турбо за училиштата“, во којашто се опфатени 15 училишта, има посебниот огранок Porsche Consulting. Повеќе од 180 вработени во Porsche во делот на информатиката и во Porsche Digital ќе се ангажираат како „таск-форс“, за преку своите познавања да им помогнат на училиштата.

Училиштата во Германија се недоволно опремени за одржување дигитална настава, а дополнително им е потребна и обука на самите учители. На сопствена иницијатива, голем број учители напредувале многу во изведувањето на наставата. Во поглед на ефикасноста, сепак останува уште многу простор за подобрување, а тоа е токму подрачјето во коешто ќе помагаат експертите на Porsche.

Обуката за 15-те училишта од страна на Porsche Consulting ќе трае најмногу десет денови. Во програмата за помош се предвидува и анализа на постоечката состојба, мерки за итна помош и средно до долгорочно планирање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести