За Тоше семејството беше светост. Тој ги обожаваше и не пропушташе можност да ги спомене неговите најблиски, а слаба точка му беше внукот Кристијан.
Тоше Проески утре (25.01) ќе го прославеше својот 44-ти роденден.
За жал, нашата легенда со ангелски глас ја изгубивме во далечната 2007.
Но, тој не е заборавен. Неговото присуство го чувствуваме секојпат кога ќе чуеме некоја негова песна на нашите радио станици или пак ќе погледнеме некоја стара фотографија од него.
Дури и фотографиите од неговото семејство ни враќаат спомени и ни прават топло на срцето.