Најлошо за неа, вели таа, бил десетдневниот Master Cleanse, модифициран пост со сок кој не дозволува консумирање храна. „Тоа вклучува само пиење солена вода и билен лаксативен чај десет дена по ред“, вели 58-годишната Линда.
„Неколку пати го пробав Master Cleanse, но прибегнав и кон медицинско чистење, земајќи пијалок во прав чија основа беше оризот“, додаде таа. Таа отиде и во We Care Spa каде пиела само течности, главно вода со лимон и нане и чаеви. Нејзиното здравје тогаш било многу лошо, вели таа.
„Во 90-тите, манекенките мораа да се прилагодат за да им одговара облеката“, рече таа.
“Се изгладнував на најлош можен начин. Никогаш повеќе нема да се лишам така и да направам нешто такво”, додала некогаш најубавата жена на светот.
Инаку, Линда неодамна се присети на едно трауматично искуство од почетокот на кариерата и откри како била принудена да се фотографира разголена кога имала само 16 години.