Home » Порано беше редовен учесник во Лигата на шампионите, а сега е најлош тим во француската лига

Порано беше редовен учесник во Лигата на шампионите, а сега е најлош тим во француската лига

by Lina Muslija

Францускиот тим Олимпик Лион, кој минатата сезона ја заврши на седмото место во Лига 1 и остана без пласман во европските купови, со задоволство би ја менувал сегашната сезона за претходната бидејќи моментно се меѓу најлошите екипи во петте најсилни европски лиги.

Иако пред три години Олимпик Лион играше во полуфиналето во Лигата на шампионите и притоа ги елиминира Јувентус и Манчестер сити, сега само со два освоени бода по седум кола се наоѓа на последното место на табелата во Лига 1. Освен што досега е без победа, Олимпик Лион има и катастрофална гол-разлика 3:13.

Во шпанската Ла Лига последнопласираната Алмерија има освоено три бода, а Калјари во Серија А досега има два бода. Послаби од Олимпик Лион во петте најсилни европски лиги се само Шефилд јунајтед во Премиер лигата и Мајнц во Бундеслигата, кои имаат освоено само по еден бод.

Ако во минатото најважните натпревари ги играше против екипи како Монако, ПСЖ или Олимпик Марсеј, сега за Олимпик Лион следните два меча се клучни и ќе ги играат пред своите гледачи, и тоа против екипи чие реноме е далеку под нивното.

Прво на стадионот „Жерлан“ доаѓа Лориен, кој има освоено шест бода и се наоѓа на 16-та позиција на табелата, а потоа и Клермон, кој досега освои два бода, но има подобра гол-разлика (5:15).

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More