Вандерлеј Лушембурго е име кое повеќе од половина век е дел од фудбалот. Искусниот 72-годишен Бразилец како тренер е рекордер по бројот на освоени титули во бразилската Серија А. Лушембурго бил и селектор на Бразил, а го има предводено и најтрофејниот клуб во Европа, Реал Мадрид.
Прославениот Бразилец зборуваше за својот млад сонародник Винисиус јуниор, кој има само 24 години, а малку фалеше оваа година да ја освои Златната топка завршувајќи на второто место, веднаш зад победникот Родри. Според Лушембурго, Винисиус јуниор не е цел на расистички напади во Шпанија и каде било на друго место што игра, туку дека самиот фудбалер е виновен за тоа што му се случува.
„Мое мислење е дека Винисиус е причината за многу од тие реакции кои ги добива, и тоа поради работи кои тој не треба да ги прави. Навредите кои ги добива немаат врска со расизам. Расизамот на фудбалските терени поинаку изгледа“, вели Лушембурго, кој потоа додаде дека Винисиус треба да земе пример од неговиот многу поискусен соиграч Лука Модриќ.
„Постојат и видеоснимки, како на пример онаа снимка на која противникот љубезно му ја подава топката, а тој ја фрла. Противникот повторно ја подигнува топката и повторно му ја враќа, а Винисиус повторно ја фрла и се потсмева со ривалот. Во истиот клуб е и Лука Модриќ, а кога него противникот му ја подава топката во раце, тој ја прифаќа“, објаснува Лушембурго.
Луксембурго имаше уште примери за лошиот карактер и однесување на Винисиус јуниор на теренот. „Кога некој ќе го фаулира, тој станува и веднаш го напаѓа тој играч. Замислете само колку удари примиле Пеле и Зико и тие така да реагирале. Винисиус се нервира кога ќе го фаулираат и мисли дека тоа има некаква врска затоа што е црномурест“, заклучува Луксембурго.