Некогаш Квинси Промес важеше за голем фудбалски талент и стигна до дресот на репрезентацијата на Холандија, меѓутоа во изминативе години е во центарот на јавноста само поради скандали надвор од терените.
Во 2020 година доби затворска казна од една ипол година откако на семејна веселба со нож го прободел својот братучед. Сега на оваа казна се додаваат уште шест години откако се потврди дека учествувал во нелегална трговија на дрога.
Промес учествувал во две пратки во кои се прошверцувале 1.300 килограми кокаин, а иако фудбалерот прво ги негираше обвиненијата, пресудата сега е донесена во негово отсуство бидејќи не се појавил на судот во Амстердам.
Во овој момент поранешниот напаѓач на Ајакс и Севиља го носи дресот на Спартак Москва и престојот во Русија му гарантира слобода и покрај сериозните обвинувања бидејќи оваа земја нема договор за екстрадиција со Холандија.