Home » Поранешниот фудбалер на сплитски Хајдук, Марио Мештровиќ бил застрелан ноќеска во Винковци

Поранешниот фудбалер на сплитски Хајдук, Марио Мештровиќ бил застрелан ноќеска во Винковци

by Журнал.мк

Поранешниот фудбалер на сплитски Хајдук Марио Мештровиќ бил застрелан ноќеска во Винковци со неколку истрели во ногата, јавуваат хрватските медиуми.

Нападот се случил кога тој ја напуштал салата околу 22 часот, а на него стрелал непознат напаѓач со фантомка, кој неколку пати го погодил Мештровиќ во ногата.

„Едно лице е повредено од огнено оружје. Тоа е пренесено во болница за укажување лекарска помош“, соопштија од полицијата и додадоа дека интензивно трагаат по сторителот.

Се наведува дека е свесен за целиот настан и дека на полицијата и го опишал напаѓачот кој со велосипед го напуштил местото на настанот.

Мештровиќ е актуелен началник за спортот во Вуковарско-сремската жупанија. Покрај за Хајдук, играше и за Цибалија, Риека, Алавес Хапоел Тел Авив, Хапоел Кфар Саба и Хапоел Ерусалим.

Играше во средниот ред, а кариерата ја заврши во 2003 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk