Home » Поранешниот дизајнер на Јагуар Ланд Ровер ќе црта за Ауди

Поранешниот дизајнер на Јагуар Ланд Ровер ќе црта за Ауди

by Журнал

Ауди го назначи Масимо Фраскела, поранешен главен стилист во Јагуар Ланд Ровер, да раководи со дизајнерскиот тим. Новиот дизајнер почнува со работа на 1-ви јуни, соопшти денес баварскиот производител.

Фраскела, кој до завршетокот на минатата година раководеше со дизајнерското одделение на Јагуар Ланд Ровер, пред тоа има работено во голем број автомобилски компании, вклучувајќи ги Бертоне, Форд и Киа.

Италијанецот, 52-годишник, почна да работи во ЈЛР во 2011 година, каде што раководеше со дизајнирањето на Рејнџ Ровер Велар и го создаде изгледот на Ланд Ровер Дискавери Спорт и Дискавери.

Тој во јануари најави дека заминува од компанијата.

„Масимо Фраскела ќе осигури дека возилата на Ауди ќе го отелотворуваат идентитетот на марката, со непогрешлив и емотивен дизајнерски јазик,“ кажува извршниот директор на Ауди, Гернот Делнер, во денешното соопштение.

„Неговата дизајнерска филозофија се темели на јасност, прецизност и совршени пропорции – квалитети што одлично се вклопуваат во имиџот на марката Ауди,“ додава Делнер.

Фраскела, школуван на Институто д’Арте Апликата & Дизајн во Торино, цени дека неговото назначување е „посебен момент“ и кажа дека е „највисоко почестен“ да ја преземе улогата на главен креативен офицер во марката на концернот Фолксваген.

„Верувам во емотивната моќ на дизајнот да инспирира, поврзе и да ги движи промените, а дојден сум тука да ја негувам и промовирам креативноста, како срце во коешто чука нашата марка“, стои во соопштението.

Фраскела кажува дека неговиот пристап кон дизајнирањето се темели врз едноставност, којашто кој ја смета како основа на неговата работа.

„Мене ме пасионира создавањето дизајни што се ослободени од непотребни орманенти и не мора строго да ги следат трендовите“, кажува дизанерот понатаму во соопштението. „Место тоа, ние ќе се потпираме врз безвременски и софистициран дизајнерски јазик.“

Неговиот претходник, Марк Лихте, се повлекува од своето место како главен дизајнер, по повеќе од 10 години, за да преземе нова улога во концернот Фолксваген.

Лихте претходно раководеше со студиото за надворешен дизајн на Фолксваген и помогна во лансирањето на првите самостојни електрични модели на Ауди,меѓу кои Е-трон и Е-трон ГТ, како и Ку4.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk