Home » Поранешната девојка на Диди проговори за нивната врска: Откри вознемирувачки детали

Поранешната девојка на Диди проговори за нивната врска: Откри вознемирувачки детали

by Журнал.мк

Една од поранешните девојки на Шон Диди Комбс, канадската манекенка Кет Пешн, откри неколку непознати детали за нивната врска. Во претстојниот документарен филм „Падот на Диди“, таа се присети на некои вознемирувачки ситуации.

Кет и Диди започнале да се забавуваат во 2018 година по неговото раскинување со Кеси Вентура. Наводно, Диди ѝ рекол на манекенката дека со неа ќе биде поинаков, но Кет раскажа дека при една расправија тој ја фатил за вратот.

„Немој ни да помислиш да го направиш тоа, ќе викнам полиција“ – наводно му рекла Кет, по што Диди се насмеал и рекол дека само се шегува.

Врската помеѓу Кет и Диди траела околу една година. Манекенката тврди дека раперот потоа ѝ се заканувал, велејќи дека „не сака да заврши како неговата поранешна Кеси“. И покрај тоа, во 2021 година, Кет и Диди се нашле во неговата куќа во Малибу, каде што раперот наводно ја принудил на секс откако не можел да заспие.

„Беше многу страшно, да бидам искрена, бидејќи неговиот тон и се останато се сменија. Не се согласив… Не ја препознав личноста која излезе од бањата и ме разбуди. Не го препознав и знаев дека никогаш повеќе не сакам да го видам“, опишала Кат, според Page Six.

„Се чувствував толку мала и безначајна затоа што таа личност имаше толку многу моќ, ресурси и многу луѓе“, додала манекенката.

Сепак, тоа не бил крајот со Диди, како што тврди Кет. Раперот подоцна преку телефон ѝ се заканувал дека ќе ја депортира во Канада. Кон крајот на разговорот, како што тврди таа, му рекла дека е демон, по што Диди ја спуштил слушалката.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk