Поранешниот капитен на Интер, Милан Шкрињар не се снајде најдобро во ПСЖ, тоа го искористи Мурињо да го повика за да заигра за Фенербахче.
Денеска позајмицата и официјално беше комплетирана.
„Нашиот клуб постигна договор со играчот и неговиот клуб ПСЖ за позајмица на Милан Шкрињар. Тој ќе го носи жолто-синиот дрес до крајот на сезоната“, стои во соопштението на Фенербахче.