Пејачката Јелена Карлеуша со денови е во центарот на вниманието поради семејната драма низ која поминува.
Имено, Карлеуша го пријави сопругот Душко Тошиќ за насилство на Божиќ, по што на фудбалскиот менаџер му беше забрането да и се приближува на пејачката.
Оттогаш медиумите не престануваат да шпекулираат што се случува на релација Карлеуша-Тошиќ, а ЈК многумина ги заинтригира со нова порака на Инстаграм.
Јелена објави фотографија од спектакуларниот предновогодишен настап со цитат:
„Понекогаш во животот единственото место каде што сум била среќна е сцената“, напиша Карлеуша, предизвикувајќи лавина од коментари.
