Home » Поради земјотресот во Јужна Америка, евакуирани и базите на Антарктик

Поради земјотресот во Јужна Америка, евакуирани и базите на Антарктик

by Журнал.мк

Земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтер го погоди крајбрежјето на Чиле во превојот Дрејк помеѓу Кејп Хорн и Антарктикот на длабочина од само 10 километри, соопшти Американскиот геолошки завод, што доведе до наредба за евакуација поради закана од цунами.

Чилеанската агенција за катастрофи СЕНАПРЕД соопшти дека нема штета на клучната инфраструктура или луѓе, но повика на евакуација по должината на јужниот брег поради ризик од цунами.

„Повикуваме на евакуација на крајбрежјето во целиот регион Магаланес“, рече претседателот Габриел Борик на „Икс“, додавајќи дека сите државни ресурси ќе бидат достапни за ублажување на евентуалното влијание од ударот.

На видеата споделени на социјалните мрежи, може да се види како луѓето мирно се евакуираат, додека во позадина се слушаат сирени. Сликите прикажуваат паркови и други точки за евакуација полни со студенти, работници и други жители на оддалечениот јужен регион на Чиле.

Чилеанската хидрографска и океанографска служба процени дека брановите ќе стигнат до Антарктикот, а потоа и до градовите на крајниот југ на Чиле во наредните часови.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk