Ќе следува губење на работните места речиси во секоја индустрија, а најголеми загуби се очекуваат во здравствениот, енергетскиот и во финансискиот сектор. Вознемирувачките промени на пазарот на трудот, вклучувајќи ги и зголемениот број роботи и развојот на вештачката интелигенција, ќе доведат до губење на 5,1 милиони работни места во следните пет години, во 15-те водечки светски економии.
Можна е вкупна загуба од 7,1 милиони работни места, што делумно ќе се надомести со отворање нови два милиона работни позиции. Петнаесетте светски економии опфатени во ова истражување претставуваат речиси 65 проценти од глобалната работна сила.
Во извештајот насловен „Иднината на вработувањето“ беа посочени предизвиците што ги поставуваат современите технологии, со оглед на фактот што тие автоматизираат зголемен број работни места на луѓето и ги прават вишок. Според извештајот, губење на работните места ќе има речиси во секоја индустрија, а најголеми загуби најверојатно ќе бидат регистрирани во здравствениот сектор, а потоа во енергетскиот и во финансискиот сектор.
Жените, исто така, ќе бидат најголеми губитници, бидејќи нивните работни места претежно се во области што опаѓаат, како што се продажбата, службениците и административните работни места, се вели во извештајот. Меѓународната организација на трудот, како дел од Обединетите нации, веќе прогнозираше скок на глобалната невработеност. Според најновите наоди, се проценува дека околу две третини од проектираните отпуштања ќе се реализираат во канцеларискиот и административниот сектор, бидејќи паметните машини ги преземаат повеќето рутински работни места.
Поради роботите, пет милиони луѓе се без работа
37
previous post