Пејачката Мајли Сајрус доживеала незгода во текот на новогодишниот специјал емитуван на „NBC“, за време на кој го „изгубила“ горниот дел од облеката, но брзо успеала да се снајде.
Незгодата се случила откако Сајрус го извела својот хит „We Can’t Stop“ и преминала на другата популарна нумера „Party In The U.S.A“.
Додека одела на бината во сребрена облека, во еден момент го фатила светкавиот топ кој започнал да ѝ паѓа, пред да замине зад сцената додека нејзините пратечки вокали и бендот продолжиле да настапуваат.
Среде првиот рефрен, пејачката се вратила на сцената во црвен блејзер кој го носела на почетокот на концертот.
„Сега дефинитивно сите ме гледаат“, рекла Мајли, цитирајќи го текстот од песната од 2009 година.
„Сè уште имам повеќе облека отколку што некогаш сум носела на сцена“, се пошегувала помеѓу песните и додала: „Сите научивме дека можеме секогаш да го очекуваме неочекуваното. Ви посакувам среќна и здрава 2022 година“.
29-годишната Сајрус е инаку позната по провокативните изданија и не ѝ претставува проблем да се појавува во минијатурни, разголени костими.