Договорот беше постигнат, а фудбалерот се подготви да отпатува во Москва викендов, но се појави бизарен проблем поради кој трансферот може да пропадне. Колку се беше блиску до реализација потврдува и изјавата на неговиот агент, Серјио Тијаго Рибеиро.
„Трансферот е договорен. Преостанува само да добие виза, веќе имаме закажан термин во Лисабонј. Рикардо би требало да патува за Русија сабота или недела“, изјави претходно Рибеиро.
Меѓутоа сега се може да пропадне поради видео објавено на социјалната мрежа „ТикТок“. Имено, Мангас се појавува во хумористично видео со неговата девојка каде што е облечен и како жена, нашминкан и носи високи потпетици.
„Кога ти и твоето момче, случајно ќе облечете иста облека“, стои во описот на видеото. Иако видеото е хумористично би можело да направи проблем. Медиумите пренесуваат дека властите се заинтересирале за видеото и може да му биде забрнает влез во земјата поради порпагирање на нетрадиционална сексуална ориентација.