Home » Поплавите го уништија патот во с. Љубош

Поплавите го уништија патот во с. Љубош

by Журнал.мк

Само неколку дена по поплавите, патот во селото Лубош е во лоша состојба. Често се случува автомобилите да завршат до ѕидовите на куќите.

Жителите велат дека овој патен правец имал неколку дупки, но по поплавите теренот дополнително е еродиран поради што овој пат е непрооден. Од ваквата ситуација автомобил целосно излетал од патот и удрил во ѕид од куќа.

„Вечерта околу 12 часот се враќав од Драчево и не го забележав патот, свртев лево, автомобилот се крена и се најдов долу во дворот на соседот односно, паднав во дупка. Сакаме да го повикаме градоначалникот на Кисела Вода да дојде да среди, да не настане поголем проблем и да настрада некој како мене, фала Богу бев сам во колата“, вели еден возач/

Жителите воопшто не се чувствуваат безбедно и бараат надлежните да преземат мерки што поскоро.

„Ова е втор автомобил што паѓа. Пред два дена имаше уште еден автомобил, го повлековме и го вративме на пат. Овој пат е изграден брзо, не знам дали поминаа 2 години откако е саниран“.

„Треба да го поправат патот, мислам дека патот не е во ред, децата треба да одат на училиште, комбињата не доаѓаат. Еве, мојата куќа има проблеми, се лизна човек, види, колата му отиде таму долу…“, велат жителите.

Територијално се наоѓа во општина Студеничани, но со овој пат стопанисува општина Кисела Вода. Првиот човек на оваа општина Орце Ѓорѓиевски вети дека санирањето ќе заврши следната недела. Рече дека неколкупати реагирале за лошата состојба на овој пат.

Маркова Река во општина Студеничани пред неколку денови како последица на обилните врнежи се излеа од коритото на неколку места по своето течение, оставајќи зад себе голема материјална штета.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk