Најмалку 19 лица, меѓу кои седум деца, загинаа во лизгање на земјиштето и поплави предизвикани од обилните дождови во бразилската држава Сао Паоло.
Властите информираа дека уште девет лица се повредени, а пет се водат за исчезнати, додека околу 500 семејства останале без покрив над главата.
Гувернерот на Сао Паоло, Жоао Дорија, кој вчера ги посети поплавените подрачја одобри околу 2,8 милиони американски долари за итна помош за загрозените градови.